Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да стигне до финалето во сингл конкуренција, додека во двојки, заедно со Матеј Попов, настапот го завршија во полуфиналето по неизвесна борба.

Во финалето, Алексовски, кој беше втор носител на турнирот, загуби од првиот фаворит, домашниот тенисер Маринос Карниатис, со 2-0 во сетови (6:2, 6:3).

На патот до финалето, македонскиот тенисер прикажа одлични игри и забележа неколку убедливи победи. Во првото коло го совлада Италијанецот Марко Мастропаскана со 2-0 (6:2, 6:1), а во второто беше подобар од Бугаринот Момчил Марков, исто така со 2-0 (6:1, 6:1). Во четвртфиналето Алексовски славеше против Јапонецот Кеи Ичикава со 2-1 (6:3, 1:6, 6:2), додека во полуфиналето го елиминираше четвртиот носител, Украинецот Херман Кравченко, со 2-0 (6:3, 7:5).

Во конкуренција на двојки, Алексовски и Попов беа на чекор до пласман во финалето, но во полуфиналната пресметка загубија од комбинацијата на Кеи Ичикава и Феликс Рејман од Германија со 2-1 во сетови. Одлуката падна во неизвесниот решавачки сет, во кој противниците славеа со 11:9 на поени.

Добар настап на турнирот имаше и Матеј Попов, кој успешно ги мина квалификациите со три победи. Во главната ждрепка, во првото коло го совлада домашниот тенисер Димитрос Мелисоглу со 2-0 во сетови, но во следната рунда беше поразен од Оливер Венерстад од Шведска со идентични 2-0.

Турнирот се одржа на тениските терени во Олимпискиот центар во Атина, комплексот во кој во 2004 година се играа натпреварите од Летните олимписки игри.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификациите за ЕП за фудбалери до 19 години

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години од 9 до 17 ноември ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир од вториот круг за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!