Ракомет

Финансиски проблеми во мак-ракометот: Неисплатени плати, раскин на договори!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Суперлигашите и прволигашите во следните денови треба да ги започнат подготовките за вториот дел од сезоната, но прашање е колку од нив ќе имаат сили да означат старт на подготовките и под какви услови.

Најголем проблем се финансиите – некои од клубовите должат и по неколку плати, а поради финансиските проблеми дел од клубовите се одлучија да кратат на плати, да кратат на ростер, да се игра со помлади и домашни играчи.

Како што објави 24 ракомет тимот на Тиквеш од Кавадарци ќе биде во значително изменат лик во вториот дел од сезоната во Суперлигата. Откако како што објави порталот, од Тиквеш си заминува Словенецот Јан Тајник, заминува и египетскиот интернационалец Мохамед Ахмед, како и Грузиецот Гиорги Гришикашвил. Но, како што информира порталот заминуваат и Петар Цветковски и Џулијана Христоски, а пак на некои работи им се понудени ревидирани договори во финансискиот дел пишува 24 ракомет.

Во слична ситуација е и Радовиш кој должи плати на ракометарите и од каде веќе заминаа Илија Табаков и Бобан Каковски, а според информации на Спортска Мрежа ќе има уште едно до две заминувања, па тимот ќе биде под силен притисок како ќе ја продолжи сезоната, бидејќи по заминувањето на тренерот Александар Долдуров официјално клубот не назначи нов тренер, а нема ниту официјални информации кога ќе бидат закажани подготовките за вториот дел од сезоната.

Радовиш ќе треба да изнајде и некое „поевтино“ засилување или да се потпре со домашни играчи кои се бројат на прсти, па Радовиш кој пред две сезони направи големо изненадување откако го совлада Еурофарм Пелистер 2 во баражот и експресно се врати во Суперлигата, по две сезони ќе си спакува куферите и ќе се врати во Прва лига, но и тука со многу предизвици.


Клубот има сериозни финансиски потешкотии, а во вториот дел од сезоната и Струга ќе се потпира на играчи од својата школа.

Неколку заминувања има и од екипата на Пролет за што веќе пишуваше 24 ракомет, а слично е и кај дел од прволигаши како Вардар Неготино и Драчево Јуниор кои се ослободија од некои ракометари со цел да се „штеди“, но под знак прашалник се и екипите од подолниот дел на табелата во Првата лига кои одвај крпат крај со крај.

Низ сериозни проблеми се соочува и женскиот ракомет, каде дел од екипите одвај „врзуваат крај со крај“, а како што пишуваше 24 ракомет, ракометарките бегаат од тимот од Автокоманда бидејќи нема пари.


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!