Ракомет

Тиквеш го задржа домашниот ритам – Пролет пропушти шанса за изненадување!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Тиквеш продолжи со стабилните настапи на домашен терен и ги запиша следните два бода со победата од 21-17 над Пролет. Кавадарчани со овој триумф дополнително се учврстија на петтата позиција со вкупно 14 бода, оставајќи зад себе директни конкуренти во трката за плеј-офот.

Дуелот започна израмнето, со минимални водства на двете страни. По 15 минути игра резултатот беше 7-7, а периодот без голови на двете екипи им овозможи на гостите од Скопје да го преземат водството и да заминат на пауза со предност од 9-7.

Пролет ја задржа предноста и во првите десет минути од продолжението, но домашниот тим постепено го презеде ритамот. Тиквеш најпрво израмни на 12-12, а потоа следеше серија со која кавадарчани направија пресврт и поведоа со 14-12.

Во клучните моменти, домаќините беа посмирени. Непрецизните напади на Пролет, вклучително и неколку загубени топки, им дадоа шанса на Тиквеш преку брзи контри да ја зголеми предноста. Во 50. минута резултатот беше 17-13, а иако скопјани се обидоа да се вратат и намалија на 17-15, не успеаја да направат целосен камбек.

Финишот повторно припадна на Тиквеш, кој ја казни секоја грешка на противникот и со неколку брзи решенија ја запечати победата.

Во следното коло двата тима ќе продолжат со трката за што подобра позиција, но Тиквеш вечерва ја потврди својата стабилност во домашната сала.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра...

Ракомет

„Не сме поразени од таков голем тим како Загреб“ – Ојлески по драматичното реми!

Ракометарите на Охрид повторно ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир...

Ракомет

Охрид со неверојатен кам-бек до финалето: „Гладијаторите“ го запреа Загреб во последните секунди!

Ракометарите на Охрид се пласираа во големото финале на меморијалниот турнир „Крсте...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!