Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Анџелика Митрашиновиќ испиша нова страница во мак-баскетот – постигна нов поентерски рекорд во историјата на женската кошарка

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

По големиот  тимски успех на македонската женска кошарка, вечерва на натпреварот со Грција беше испишана уште една историја. Постигнат е нов поентерски рекорд во сениорскиот состав.

Анџелика Митрашиновиќ со 23 поени на дуелот со Грција стана најдобар стрелец во историјата на женската сениорска репрезентација на Македонија. Со вкупно 419 постигнати поени, капитенката ја надмина легендарната Моника Гавриловска, која во својата кариера има 403 поени на 28 натпревари.

„Не знам навистина што да кажам, што да додадам на оваа ваша констатација. Нормално дека ми е драго кога ќе го чујам тоа. Макар, еве досега, до овој момент не ни помислив, не сум ни размислувала за една ваква работа, … Сепак, тоа е еден огромен успех, на личен план. И да, не сум навикната да зборувам, лично за себе, подобро е другите да зборуваат, оценуваат, коментираат… “- изјави капитенката Митрашиновиќ.

Митрашиновиќ вечерва го одигра својот 33. во дресот на Македонската репрезентација, а овој рекорд од меч во меч ќе продолжи да расте, поставувајќи висока летвица за генерациите што доаѓаат.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за УЕФА квалификациите за Македонија до 17 години

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Иљами Исејни, го објави списокот...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!