Ракомет

Еурофарм Пелистер сигурно до нови два бода против Бутел!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Битолскиот шампион, Еурофарм Пелистер ја продолжи доминацијата во домашното првенство, убедливо победувајќи го Бутел со 31-21 (16-10). „Зелените“ не оставија простор за резултатска неизвесност, продолжувајќи го притисокот врз лидерот Вардар. Екипата на Бутел,пак, останува седмопласирана со 11 бода.

Домаќините започнаа фуриозно. Со две брзи серии поведоа 4-1 во 5. минута, а во 13. минута разликата веќе изнесуваше 9-2. Континуираниот притисок на теренот и одличната игра на Еурофарм Пелистер го поставија победникот уште во првото полувреме, кое заврши со 16-10.

Во второто полувреме темпото го диктираа домаќините. Разликата се одржуваше на 6-8 гола, а во 48. минута Мирче Калајџиоски ја зголеми предноста на десет гола (25-15). До крајот на мечот победникот беше јасен, па тимот имаше простор за индивидуални потези и тестирање нови акции.

Во следното коло Бутел ќе го пречека Радовиш, додека Еурофарм Пелистер патува во Скопје за дуел со Пролет.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар го скрши отпорот на Нексе и сега го чека директна битка за финале на турнирот во Охрид

Ракометарите на Вардар 1961 стигнаа до втората победа на меморијалниот турнир „Крсте...

Ракомет

Прилеп го совлада Мулти Есенс на „Миле Нешкоски“

Ракометарите на Прилеп продолжуваат во победнички ритам откако на Меморијалниот турнир „Миле...

Ракомет

Војводина со триумф над „фараоните“, Тримо Требње со тесен триумф над Олимпијакос

Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој...

Ракомет

ВИДЕО: Тиквеш со пресврт до триумф на стартот на „Миле Нешкоски“

Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп започна во драматичен стил, со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!