Ракомет

„Ќе видат борбен тим со желба за победа“ – Гарабаја најавува дуел со Сегед

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер се подготвува за еден од најтешките натпревари оваа сезона во Лигата на шампионите – дуелот против унгарскиот ПИК Сегед, кој ќе се одигра вечерва од 20:45 во салата „Боро Чурлевски“. Тимот на Гарабаја пристигнува со цел да ги искористи домашните бенефити и да ја направи својата игра што поефикасна, и покрај квалитетот на противникот.

Тренерот Рубен Гарабаја го најави дуелот со пофалби за Сегед, но и со сигурност во своите играчи:

„Ќе имаме нов тежок меч во Лигата на шампионите, Сегед е одличен тим со неверојатни играчи на сите позиции. Одбраната им е гранитна, шутираат од секаде, особено од далечина. Во екипата е еден одличен голман и можеби едно од најдобрите крила во натпреварувањето, но ние ќе се обидеме да им ги поматиме сметките. Се надевам дека тимот наскоро ќе биде комплетен, тоа ќе биде одлично за нас. Против ПИК Сегед ќе го дадеме нашиот максимум, мојата порака до фановите е дека ќе видат борбен тим со желба за победа.“-  изјави тренерот на Пелистерци.

Се очекува динамичен и возбудлив дуел, а тренерот Гарабаја е уверен дека Еурофарм Пелистер ќе даде максимум и ќе се обиде да ја изненади гостинската екипа, пред својата публика во Битола.

 

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Ржаничино го гради „дрим-тимот“: Богдановски, Мицевски и Здравковски предводници на високите амбиции

Третолигашот Ржаничино сериозно ги најавува своите амбиции за претстојната сезона во Третата лига, а раководството на клубот веќе започна со формирање на тим...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Радовишкиот бисер Валентино Васев чекори кон големите фудбалски сцени: По Левски Софија следува и Црвена Звезда

Младиот фудбалер Валентино Васев од Радовиш, роден 2017 година, продолжува да го привлекува вниманието со својот талент и љубов кон фудбалот. Младиот фудбалер...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!