Ракомет

Битола дише за Пелистер – вечерва дуел со унгарскиот гигант- Сегед!

Сподели
ФОТО: РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
Сподели

Во салата „Боро Чурлевски“ вечерва од 20:45 часот битолската публика повторно ќе ужива во ракомет од највисоко ниво. Еурофарм Пелистер го пречекува унгарскиот гигант ПИК Сегед во еден од клучните натпревари за продолжување на сонот наречен осминафинале во Лигата на шампионите.

По поразот во дербито од Веспрем, Сегед пристигнува во Битола со мотив да се врати на победничките патеки. Тимот има половичен биланс и шест бода на четвртата позиција во својата група.

Битолчани, пак, се наоѓаат на претпоследното место со два освоени бода и се свесни дека мора да освојуваат бодови доколку сакаат да останат во игра во елитното европско друштво.

Се очекува полна сала, жесток дуел и нова ракометна вечер во која Еурофарм Пелистер ќе се обиде да ја искористи поддршката од својата публика и да стигне до голем резултат.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!