Трета лигаФудбал

Ударник во финишот преживеа за бод, Победа со осум гола го декласираше Малеш

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Победа Валандово игра во фантастична форма, а овој млад тим во мечот од 8. коло на Трета лига – Исток го декласираше Малеш од Берово со превисоки 8:1.

Меч на тотална доминација на домаќинот кој уште еднаш потврди дека резултатите не се случајни и дека Победа има млада и многу добро подготвена екипа.

Уште во првиот дел беше решено дека трите бодови ќе останат во Валандово, откако Победа имаше предност од високи 4:0.

Елдан Шата, Ристо Миленковиќ и Кирил Коколански беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Никола Костадинов и Валентин Михајловски.

За гостинот од Берово единствен стрелец беше Ерол Пилов, кој погоди во 61. минута од натпреварот.

Вистинско дерби се одигра во Пирава, каде на крај домаќинот Ударник се спасуваше од пораз, откако одигра 2:2 со некогашниот прволигаш Хоризонт Турново.

Горан Стојанов по 15 минути игра погоди за водство на екипата од Турново за 0:1 на полувреме, а на стартот од вториот дел Димче Јовов зголеми на 0:2.

Домаќинот преку двајца искусни фудбалери успеа да стигне до реми, а до истото дојде откако најпрво Мирче Попов во 83. минута намали на 1:2, а во 90. минута Александар Тенекеџиев постигна гол за конечни 2:2 и вреден бод за Ударник.

Ново реми за екипата на Светлост, која на домашниот терен во Зрновци одигра 2:2 со Дојранско Езеро. Резултатот го отвори Горан Трајанов во 7. минута од мечот за водство од 1:0, а по половина час игра Илија Иванов пооди за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Кристијан Мингов постигна гол за комплетен пресврт и водство на Дојранско Езеро од 1:2, а во самиот финиш односно во 86. минута Давид Тренчев ги постави конечните 2:2.

Овче Поле големиот јубилеј од еден век постоење го прослави со убедлива победа од 3:0 над Рудар од Пробиштип, а стрелец на сите три гола беше Тоше Манов.

Тимот од Свети Николе со стил го прослави своето 100-годишно постоење славејќи висока победа.


Како што веќе објави Спортска Мрежа натпреварот во Делчево меѓу Брегалница и Тиверија не се одигра, откако гостинот од Струмица победа одложување на мечот поради вирус кај играчите и од таа причина истиот ќе биде презакажан за во нов термин.

Ударник е прв на табелата со 16 бодови, Победа Валандово има максимални 15 бодови на своето конто, но и два меч помалку во однос на тимот од Пирава.

Трет е Овче Поле со 13 бодови, следува Хоризонт Турново како четврти со 12 бодови, но и меч помалку, а пак Карбинци е петти со 12 бодови. Брегалница од Делчево е шеста со 11 бодови, Рудар е седми со осум бодови, Тиверија е осма со меч помалку и има четири бодови, а толку бодови имаат и екипите на Дојранско Езеро и Малеш, на дното е Светлост Зрновци со три бода.


Сподели

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Лазаров пред нов предизвик: Можно е да ја преземе и младинската репрезентација!

Македонскиот ракомет би можел да добие интересна селекторска комбинација пред Светското првенство за ракометари до 21 година, кое следното лето ќе се одржи...

Ракомет

Охрид е прв фаворит во ЕХФ Европскиот Куп, Алкалоид веднаш зад водечката тројка!

Европската ракометна федерација ги објави проценките за силата на 64-те екипи кои продолжуваат во ЕХФ Европскиот Куп, пред натпреварите од второто коло. Македонските...

Поврзани написи
Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна...

КупФудбал

КУП: Брера против Арсими, Струга Трим Лум ја доби Беласица, Вардар со Тиквеш

Во „Куќа на фудбалот“ во присуство на претставници на клубовите учесници, денеска...

Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!