Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Сподели
Сподели

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го води тимот во понатамошниот дел од првенството. Љабинот Муслиу е нов тренер на дебитантот во второлигашката конкуренција.

42-годишниот тренер доаѓа како наследник на Бурхан Емурлаи, а неговото деби ќе биде во недела против Кожуф на домашен терен, во меч од 8. коло на Втората македонска фудбалска лига.

Муслиу претходно работеше како помошник во прволигаш Арсими во Вилдан Салиу, а сега ќе има работа како шеф на стручен штаб со што започнува ново поглавје во неговата кариера.

Претходно, Муслиу работеше и во некогашниот прволигаш Гостивар.

Инаку, Спортска Мрежа пред речиси една година имаше интервју токму со Муслиу, каде разговаравме на повеќе теми поврзани со фудбалот и неговата кариера.

ИНТЕРВЈУ | „Секој тренер мора да има свој стил, идеја и јасна визија како ќе игра неговата екипа“ – Лабинот Муслиу

Муслиу има УЕФА А лиценца од 2021 година, а со фудбалската кариера релативно рано завршува на 27 години, а се работи за дипломиран правник по професија.

Целосното интервју со Муслиу на Спортска Мрежа за неговата кариера можете да го прочитате овде.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!