Ракомет

„Од меч во меч, самодовербата кај нас расте “– Ѓукиќ по убедливиот триумф на Охрид над Куманово!

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

Охрид со моќно издание убедливо го совлада Куманово на домашен терен во салата „Билјанини Извори“ со 37:17, во рамки на 9. коло од ракометната Суперлига. Тимот од Охрид од самиот старт направи серија од 5:0, а Куманово повика тајм-аут, но немаше сили да го сопре пресилниот противник.

Голманот Даниел Ѓорѓески имаше одлични интервенции, а Дарко Ѓукиќ блескаше со 7 погодоци, помагајќи му на тимот да стигне до серија од 10:0, додека гостите повеќе од 14 минути не успеваа да постигнат гол.

Во изјава за Спортска Мрежа, десното крило на Охрид, Дарко Ѓукиќ, истакна дека Охрид го контролирал натпреварот од почеток до крај и дека тимот ги оправдал фаворитските очекувања, додека самодовербата расте со секој нов меч:

,, Добро го одигравме натпреварот, од почеток до крај го контролиравме резултатот и на крајот убедливо ја совладавме екипата на Куманово, со што и докажавме дека бевме фаворити на тој натпревар. Од меч во меч, сметам дека расте самодовербата кај нас и нашата екипа делува сè подобро и подобро на теренот.“ – изјави Ѓукиќ.

Со оваа убедлива победа, Охрид ја потврди доминацијата на домашен терен и продолжува со сигурни чекори кон врвот на Суперлигата, а публиката уживаше во тимска игра, сигурна одбрана и одлични индивидуални партии.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!