Ракомет

Голема борба и драматичен финиш, но Вардар загуби со еден гол во Полска

Сподели
ФОТО: Денис Дуковски
Сподели

Ракометарите на Вардар 1961 доживеаја нов пораз во Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај Висла Плоцк загубија со минимални 33-32 (16-13). Македонскиот претставник беше во исклучително тешка позиција, се соочи со негатива од осум гола, но не се предаде и во последните секунди успеа да ја сведе разликата на само еден погодок. Сепак, за „црвено-црните“ немаше доволно време за целосен пресврт.

Дуелот во Полска започна со рамноправна борба, во која избраниците на Иван Чупиќ парираа на фаворизираниот домаќин. При резултат 5-5, сепак, следуваше голема криза во нападот на скопјани, која Висла максимално ја искористи. Полскиот тим направи серија од пет гола, а потоа продолжи да ја зголемува предноста до убедливи 14-6. Вардарци се најдоа во сериозен минус, но во завршницата од првиот дел покажаа карактер и со подобра игра успеаја да ја преполоват негативата, па на паузата заминаа со 16-13.

Налетот на гостите продолжи и на стартот од второто полувреме, кога Вардар се доближи на само два гола негатива. Висла, сепак, не дозволи целосно да се наруши нејзината контрола врз натпреварот и повторно создаде поголема разлика. Во еден момент домашниот состав водеше со 25-20, а кога скопјани повторно се заканија и намалија на 27-25, Герге Фазекаш со два врзани погодоци го врати полскиот тим на сигурна дистанца.

И покрај новите удари, Вардар продолжи да бара начин за враќање во игра. Во финишот, Чупиќ се обиде да го промени текот на натпреварот со дополнителен ризик во нападот, а „црвено-црните“ не се откажаа ниту кога Висла имаше предност од 33-30 во последната минута. Јака Малус и Вукашин Воркапиќ погодија во завршните моменти, при што голот на Воркапиќ за 33-32 пристигна на само седум секунди до крајот. Сепак, времето не беше сојузник на македонскиот тим, кој по големата потера остана без бодови.

Малус со девет гола беше најдобриот стрелец на Вардар, Воркапиќ го следеше со осум, додека Леон Љевар постигна пет погодоци. Во домашниот табор, Фредерик Бјере заврши со седум гола, Михал Дашек постигна шест, а Фазекаш пет.

Вардар покажа борбеност и карактер со враќањето од осум гола негатива, но повторно остана без позитивен резултат во Лигата на шампионите. Поразот во Плоцк е уште еден горчлив исход за скопјани, кои во драматичната завршница беа блиску до целосно враќање, но немаа доволно време да ја крунисаат својата потера.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Поврзани написи
Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!