Ракомет

Ексклузивно за Спортска Мрежа: Моралес пред реваншот со Вардар: „Мораме да се бориме за секоја топка!“

Сподели
FOTO: Spojrzenia - Jerzy Stankowski
Сподели

Екипата на Висла Плоцк ја очекува реваншот со Вардар во четвртото коло од Лигата на шампионите, а полскиот тим ќе се обиде повторно да ја потврди својата сила по победата во Скопје. За Реј Моралес, првиот натпревар во салата „Јане Сандански“ донел позитивно искуство, како поради атмосферата, така и поради играта што ја прикажал неговиот тим. Во пресрет на новата пресметка, ракометарот на Висла очекува уште еден тежок дуел во кој концентрацијата и тимската пожртвуваност ќе имаат важна улога.

Во ексклузивен разговор за Спортска Мрежа, поранешниот дефанзивец на Охрид, смета дека Висла одговорила на предизвикот во Скопје и го прикажала потребното ниво на игра. Тој ја истакнува позитивната атмосфера во салата, но и интензитетот и заедништвото што му помогнале на полскиот состав да ја оствари својата цел.

„Атмосферата во „Јане Сандански“ беше навистина позитивна и мислам дека игравме на нивото што се бараше од нас. Покажавме добар интензитет, останавме фокусирани и работевме напорно како тим.“

ФОТО: Денис Дуковски

Пред реваншот, играчот на Висла е свесен дека неговиот тим го очекува нов сериозен предизвик. И покрај поволниот резултат од првата средба, Моралес нагласува дека нема простор за опуштање и дека секој дуел ќе бара максимален ангажман од ракометарите.

„Сега знаеме дека вториот натпревар ќе биде уште еден голем предизвик, па мораме да бидеме подготвени да се бориме за секоја топка и да го дадеме најдоброто од себе уште од првата минута.“

ФОТО: Денис Дуковски

Моралес посакува Висла да го задржи нивото на игра од првиот дуел и во домашната пресметка со македонскиот претставник. За него, континуитетот во играта и максималната посветеност ќе бидат важни за тимот да стигне до посакуваниот исход.

„Се надеваме дека ќе го задржиме истото ниво и ќе оствариме добар резултат.“- изјави Реј за Спортска Мрежа.

Висла Плоцк ја покажа својата одбранбена моќ во „Јане Сандански“ и со цврста, дисциплинирана игра го запре Вардар на патот до посакуваниот резултат. Полскиот тим постави вистински бедем пред својот гол, на чело со Реј, кој одигра одличен натпревар, и така го отежна секој напад на „црвено-црните“. Токму преку одбраната ја направи клучната разлика за победа од 32-26. Вардар се обидуваше да најде решение и во неколку наврати се приближи резултатски, но организираната дефанзивна поставеност на гостите не дозволи целосно враќање во натпреварот.

FOTO: Spojrzenia – Jerzy Stankowski

Висла Плоцк ќе ја има предноста на домашниот терен, но Вардар ќе се обиде да одговори на првиот пораз и да ги освои првите бодови во Лигата на шампионите. Реваншот носи нова можност за „црвено-црните“ да покажат подобро издание, додека полскиот состав ќе настојува да ја продолжи успешната серија во групната фаза.

FOTO: Spojrzenia – Jerzy Stankowski

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски го објави списокот на фудбалери за дуелите со Шкотска и Словенија

Македонската фудбалска репрезентација ќе ги одигра последните два натпревари од групната фаза во УЕФА Лигата на нации против Шкотска и Словенија, а селекторот...

ИнтернационалциФудбал

Чурлинов погоди по пет минути, но Погон остана без бодови и заврши со деветмина

Дарко Чурлинов повторно се запиша меѓу стрелците во полското првенство, но неговиот ран погодок не беше доволен за успех на Погон Шчечин. Македонскиот...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

Ракомет

Преполн „Млаз“, голема борба и враќање од минус шест – Младост се доближи на два гола, но Тиквеш ги однесе бодовите!

Ракометарите на Младост 1977 не успеаја да ја остварат првата сезонска победа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!