РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов голем успех! Репрезентацијата на Македонија до 17 години повторно во Елитна фаза по осум години!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години испиша ново златно поглавје во младинскиот фудбал, обезбедувајќи пласман во Елитната фаза од квалификациите за Европското првенство – прв пат по 2017 година.

Турнирот кој се одигра во Струмица под организација на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе возбудливи натпревари и силна конкуренција. Македонија во групата со Чешка, Унгарија и Гибралтар покажа дисциплинирана и зрела игра, предводена од селекторот Влатко Колев, и со тоа заслужено обезбеди место меѓу најдобрите европски селекции.

„Остваривме навистина одличен резултат. Во мошне тешка група успеавме да го избориме пласманот во елитните квалификации, а притоа во ниту еден момент не делувавме инфериорно ниту против Чешка, а уште помалку против Унгарија. Во третиот натпревар, кога бркавме и гол-разлика, момците покажаа карактер и верба. Ова е голем мотив за сите нас, но не застануваме тука. Ќе се подготвиме максимално добро за мартовските натпревари со најсилните селекции и можам да ветам дека ќе се бориме до последниот меч“, вели Влатко Колев – селектор на Македонија до 17 години.

Пласманот на оваа генерација во елитната фаза е јасен показател за новиот систем и пристап на работа во младинскиот фудбал. Промените што ги спроведува ФФМ во организацијата, стручниот кадар и развојните програми создаваат стабилна основа за континуитет и напредок.

Овој резултат не е само спортски успех, туку и потврда дека македонскиот младински фудбал оди во вистинска насока – со јасна визија, професионализам и верба во младите таленти.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезентацијата до 16 години поразена од Узбекистан

Македонската репрезентација која е дел од развојниот турнир на УЕФА за играчи...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Исејни: Турнирот е одлична шанса за развој на младите играчи, градиме тим за иднина

Струмица е домаќин на развоен турнир организиран под покровителство на УЕФА, на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У16 подобра од Северна Ирска по пенали на УЕФА турнирот во Струмица

Репрезентацијата на Македонија до 16 години со победа го отвори настапот на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Андов: Нова можност да се стекне потребното искуство

Женската фудбалска репрезентација го продолжи настапот во квалификациите за пласман на Светското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!