Прва лигаТрета лигаФудбал

Фудбалски спектакл: Големо Коњари на пријателски меч со гигантот Вардар

Сподели
Сподели

Фудбалско славје го очекува прилепското село Големо Коњари! Новиот второлигаш ќе има чест и привилегија во четврток (16 октомври) да го угости најтрофејниот македонски клуб – Вардар, во рамки на пријателски натпревар кој ќе започне во 15 часот.

Дуелот ќе се одигра на фудбалскиот терен во Големо Коњари и претставува вистински празник за љубителите на фудбалот во овој регион. Селото, кое живее за својот клуб, со нетрпение го очекува гостувањето на „црвено-црните“, а атмосферата се очекува да биде празнична, со голем број гледачи покрај теренот.

Вардар, под водство на Гоце Седлоски, продолжува со практиката да одигрува контролни натпревари со екипи од понизок ранг, во рамки на подготовките и проверките на составот. Претходно, македонскиот гигант одигра пријателски средби со третолигашите Карбинци, со Овче Поле во Свети Николе и Рудар во Пробиштип, а сега следи нова провера – овојпат со амбициозниот второлигаш од прилепско.

Посебна е симболиката на овој меч – тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, потекнува токму од Големо Коњари. Неговото враќање на домашниот терен, овојпат во улога на стратег на најтрофејниот клуб во земјата, ќе биде момент исполнет со емоции и спомени за локалното население.

Натпреварот меѓу Големо Коњари и Вардар ќе биде многу повеќе од обична пријателска средба – тоа ќе биде ден кога фудбалот повторно ќе ги обедини генерациите, а малото село ќе биде во центарот на спортската мапа на Македонија.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Јанковска со осум, Коњановска со седум гола: Убедливи победи за Ржаничино и Топ Гол, дебакл на Победа Валандово и Топ Грлс

Спектакуларен старт на сезоната во Втората женска фудбалска лига, со убедливи победи на Ржаничино и Топ Гол, а во центарот на вниманието се...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Манојлов: Веруваме во нашите квалитети и сакаме да покажеме дека можеме да се надигруваме со силни екипи

Младата репрезентација на Македонија до 21 година ја очекува серија од три натпревари во период од само осум дена. Избраниците на новиот селектор...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Фудбалски празник во Пепелиште – Победа и Вардар Неготино ги поделија бодовите

Вистински фудбалски празник донесе третото коло на Трета лига регион 4 во...

ФудбалФутсал

ФОТО: Дебитантот КМФ Шутка 1 се подготвува за настап во Втората футсал лига на Македонија

Екипата на Шутка 1 ќе биде дебитантот во Втората футсал лига на...

Младински фудбалФудбал

ФК Марадона и ФК Брегалница со заеднички чекор за развој на младите фудбалери

Успешно започна соработката меѓу ФК Марадона и ФК Брегалница, која има за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!