Трета лигаФудбал

Аеродром го доби Ржаничино во меч со пет гола

Сподели
ФОТО: ФК Аеродром
Сподели

Во Ново Лисиче беа постигнати пет погодоци за триумф на Аеродром од 3:2 над Ржаничино, во меч кој го одбележаа два пенали, за отварање на 5. коло во Трета лига – Север.

Иван Пашариковски го отвори резултатот во 39. минута за водство на домаќинот од 1:0, но во 43. минута од пенал Никола Петковски погоди за 1:1 на полувреме.

Следуваше комплетен пресврт за водство на гостите преку Халил Калач во 53. минута од 1:2. Аеродром се обидуваше да креира изгледа шанса да дојде до ситуација за израмнување на резултатот, а до 2:2 дојде откако Стефан Богдановски беше сигурен од белата точка во 71. минута, а по две минути игра со втор гол Богдановски ги постави конечните 3:2.

Колото се затвара денес, а вечерва ќе ги имате комплетен извештај на Спортска Мрежа за натпреварите.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!