Трета лигаФудбал

ФОТО: Убедлива победа на кичевски Напредок, нов пораз за Љуботен

Сподели
ФОТО: ФК Напредок
Сподели

Вчера со два натпревари беше отворено 4. коло во Трета лига – Запад, а во кое екипата на Напредок во Кичево со убедливи 4:1 го декласираше новиот третолигаш Скендербеу.

Натпревар со голема доминација на домашниот тим и одлична игра, а веќе по првите 45 минути домаќинот имаше предност од два погодоци, откако погодија Осман Исмаили и Никола Калевски.

Во вториот дел Младен Котевски во 55. минута зголеми на 3:0, додека пак Амир Османи во 66. минута намали на 3:1.

ФОТО: ФК Напредок

Но, сепак гостинот немаше сили за било какво изненадување, а Ангел Божиноски во 83. минута ги постави конечните 4:1.

Со два гола во финишот Џепчишти ги освои трите бодови во соочување со Љуботен на домашен терен, откако Агон Селамни погоди во 86. минута за отварање на резултатот, а по две минути игра Алдин Јонузи постигна уште еден гол за конечни 2:0.

Колото се затвара денес со останатите четири натпревари. Зајази го чека Камјани, Ренова ќе биде домаќин на Доброштип, Вардар во Брвеница со Дрита, а пак Речица со Влазерими.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификациите за ЕП за фудбалери до 19 години

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години од 9 до 17 ноември ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир од вториот круг за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!