По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за пораз, а пак прилепска Победа и Кратово и натаму чекаат на бодови.
Каршиака има четири од четири и максимални 12 бодови на своето конто, а пак Црна Река има три од три и максимални девет бодови за второ место, но тимот од Кавадарци има меч помалку во однос на Каршиака.
Балкан, исто така има девет бода, но од четири мечеви и има ефект од три победи и еден пораз. Ланскиот прволигаш Мал Ајакс од Штип е со учинок од две победи, еден пораз и едно реми со што има седум бодови за четврто место.
На петата позиција со четири бодови е Фудбал Старс, дебитантот Шутка 1 се наоѓа на шестото место со три бодови, а толку има и Овче Поле.
Без бодови на осмото место е Кратово, а на последното деветто место е прилепска Победа.