Втора женска фудбалска лигаФудбал

Ржаничино е есенски шампион, Билјанини Извори со „петарда“ за Топ Грлс, реми во Валандово

Сподели
Сподели

Заврши првата етапа во Втората женска фудбалска лига, дебитантот Ржаничино е есенски шампион со максимални седум победи од толку натпревари.

Тимот во последното есенско коло славеше во дербито на последната есенска рунда со 0:2 над ланскиот прволигаш Топ Гол во Битола, благодарение на Миа Закев која беше двоен стрелец.

Билјанини Извори заврши на второто место на табелата откако на последниот есенски меч со 0:5 славеше над Топ Грлс во охридско соочување. Викторија Стојаноска постигна хет-трик, а два гола беа дело на Викторија Лазова.

Менада на домашен терен броеше до осум гола во убедливата победа над Плачковица (8:0). Дајана Ристовска постигна три гола, Ева Андонова и Нина Алексовска по два гола, а еден гол беше дело на Елена Петровска.

Неизвесен меч се одигра во Валандово каде Победа и Башкими ги поделија бодовите откако одиграа 1:1. По чистите мрежи во првиот дел, во второто полувреме беа постигнати двата гола.



Анастасија Ристова во 79. минута погоди за водство од 1:0, а во 88. минута Рона Камери погоди за конечни 1:1.

Ржаничино ќе презими како први со максимални 21 бод, втора е екипата на Билјанини Извори со 18 бодови, а пак Топ Гол е на третото место со 15 бодови.

Башкими заврши на четвртото место, што е одлична дебитантска сезона за тимот од Куманово со десет бодови, а пак Менада на петтото место со девет бодови.

Победа Валандово е седма и има седум бодови, Топ Грлс е претпоследен односно седум со еден бод и на дното е Плачковица со минус два бода.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!