Останато

Македонските тенисери Марко Алексовски и Сара Митевска со одлични настапи на силни јуниорски турнири

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младите македонски тенисери Марко Алексовски и Сара Митевска оваа недела настапуваат на два престижни јуниорски турнири и бележат значајни резултати.

Алексовски е дел од турнирот за тенисери до 14 години во Барселона од рангот „Супер категорија“. Во првото коло тој забележа сигурна победа над Аргентинецот Педро Френкел со 2-0 во сетови (6:0, 7:5). Во следното коло младиот македонски тенисер ќе се соочи со Јонас Ваелти од Швајцарија.

Од друга страна, Сара Митевска настапува на турнир за тенисерки до 16 години во Словачка, од „Категорија 1“. Македонската тенисерка во второто коло славеше над Александра Лес од Полска со 2-0 (7:5, 6:1), а потоа во третото коло беше уште поубедлива совладувајќи ја домашната претставничка Александра Јаноскова со 2-0 (6:1, 6:1). Денес ја очекува четвртфинален меч против Хрватката Ива Јерковиќ.

Покрај настапите во сингл, Митевска се натпреварува и во конкуренција во двојки. Таа заедно со својата партнерка Ива Јерковиќ ќе игра во полуфиналето против првите носителки, Ирина Чуклич од Украина и Ајана Миту од Романија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Турција пресилна за Македонија: Одбојкарките со пораз на стартот на Медитеранските игри

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз ги започна настапите на Медитеранските игри во Таранто, Италија, откако на стартот од групната фаза загуби...

Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита потпиша за Охрид за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување на...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!