Кошарка

Претсезонски семинар за судии и делегати: нови предизвици и професионални стандарди во македонската кошарка

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Во организација на Судиската комисија при Македонската кошаркарска федерација (МКФ), изминатиот викенд во Скопје се одржа претсезонскиот семинар за кошаркарски судии, делегати и контролори. Настанот собра околу 70 судии и 40 делегати и контролори, што претставува силна потврда за сериозниот пристап кон подготовките за новата натпреварувачка сезона. Дополнително, на семинарот присуствуваа и 12 нови кандидати за судии, кои ги следеа сите активности во целост.

Програмата започна со тест на физичката подготвеност на судиите во СРЦ „Кале“, по што учесниците се префрлија во хотел „Актор“ за теоретскиот дел. Делегатите и контролорите имаа сопствени работни сесии, кои вклучуваа осврт на минатата сезона, поставување насоки за идната работа и практична работилница со ФИБА инструкторот Синиша Херцег, фокусирана на евалуација и комуникација.

Семинарот свечено го отвори претседателот на МКФ, Томе Главчев, а обраќање имаше и потпретседателот Младен Ѓуроски.

Во текот на програмата беа одржани и повеќе предавања од домашни и меѓународни предавачи:

  • Александар Давидов (АБА судија) – „Основни принципи на судење“

  • Синиша Херцег (ФИБА Европа) – сесии на тема „Суди ја одбраната“ и „Процесирај ја акцијата – стрплива свирка“, проследени со практични примери и видео анализи

Неделниот дел беше насочен кон административните и етичките сегменти на работата:

  • Петар Денковски (МКФ/ФИБА) – протоколи за судење и подготовка за сезоната

  • Александар Милојевиќ (комесар на МКФ) – анализа на работата на службените лица и препораки за следната сезона

  • Алија Феревски (претседател на СККФСМ) – новитети во контролниот образец, етичкиот кодекс и санкции за несоодветно извршување на обврските

Семинарот заврши со полагање на теоретскиот тест, по што беше означено неговото официјално затворање.

Со успешната реализација на овој семинар, Македонската кошаркарска федерација уште еднаш ја потврди својата заложба за унапредување на критериумите за судење, професионален развој на кадрите и доследна примена на правилата на играта. Очекувањата се дека новата сезона ќе донесе уште поголем квалитет и фер-плеј на македонските кошаркарски терени.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција, остануваат уште неколку клубови кои ќе треба да назначат тренери бидејќи...

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“. Вечерва публиката беше сведок на неверојатен...

Поврзани написи
Кошарка

Најдобриот тренер во Супер лигата седнува на клупата на КК Кожуф

Кошаркарскиот клуб Кожуф од Гевгелија го назначи Миодраг Тодоровиќ за нов шеф...

Кошарка

Ново издание на ФИБА развојниот кошаркарски камп во Негорски Бањи – 60 млади таленти на заеднички тренинзи

Во Негорски Бањи денеска започнува новото издание на развојниот кошаркарски камп, кој...

Кошарка

Петар Денковски дел од годишната Клиника за европски ФИБА инструктори во Самоков

Нашиот национален ФИБА инструктор, Петар Денковски, учествуваше на годишната Клиника за европски...

Кошарка

Хорхе Гарбахоса: Драго ми е што Македонската кошаркарска федерација е повторно на вистинскиот пат

Претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса, престојуваше во Скопје по повод одржувањето...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!