РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У18 со реми против Словачка во првиот тест натпревар

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години одигра 2:2 против своите врсници од Словачка на контролен натпревар во Дунајска Стреда. Избраниците на селекторот Димитар Капинковски прикажаа борбена и квалитетна игра, со што заслужено се изборија за позитивен резултат на гостински терен.

Словачка подобро го отвори натпреварот и уште во раната фаза поведе со погодокот на Филип Рајчан. Сепак, македонските надежи не се обесхрабрија и до крајот на првото полувреме успеаја да направат целосен пресврт. Најпрво Мустафи во 26. минута погоди по одличен прекин изведен од Талевски, а во 44. минута Илијази со убав удар од далечина донесе предност од 2:1.

Во вториот дел, Сејменов имаше стопроцентна шанса за зголемување на предноста, но не реализираше, а казната стигна во 56. минута кога Новак израмни на 2:2. Неколку минути подоцна, голманот Александар Трајков блесна со одбрана на пенал, спречувајќи пресврт на домаќините. Во самиот финиш Македонија беше блиску до победа, но ударот на Рочи заврши во пречката.

Ова беше првиот од двата тест натпревари помеѓу двете селекции, а вториот дуел е закажан за четврток, повторно во Дунајска Стреда.

Словачка до 18 години: 
23. Томаш Јаблоницки, 3. Роман Скалиќан, 4. Маеван Винсент, 5. Петер Пител, 7. Адам Лабо (66` 6 Алекс Жига), 10. Мартин Јенчуш, 11. Марош Новак (75` 9 Давид Полтак), 13. Вилијам Врабел, 15. Максим Матеаш (86` 16 Федор Касана), 18. Филип Рајчан (66` 17. Патрик Тејзер), 19. Марио Рабатин (46` 8. Мате Роланд Фехер), Селектор: Мартин Фабуш

Македонија до 18 години: 
1. Александар Трајков, 3. Стефан Секирски, 4. Стефан Стаматоски, 5. Андреј Димовски, 6. Мухамед Мустафи, 7. Дамјан Буцевски (60` 18. Иво Марковски), 8. Габриел Талевски (60` 9. Лука Варошаноски), 9. Матеј Сејменов (66` 16. Флорент Османи), 10. Иван Танчев (75` 11 Мартин Горгиев), 13. Флори Илијази (75` 2 Албан Рочи), 20. Бојан Велков; Селектор: Димитар Капинковски

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите ракометари. Во недела, 8 ноември, спортската сала „Млаз“, која има голема...

Останато

Македонска Каменица ќе биде домаќин на историско шаховско првенство – најдобрите млади шахисти ќе се борат за државните титули!

Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во Македонија. За првпат ќе се одржи Државното првенство во забрзан шах...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!