Останато

Даниела Алексовска освои бронза на Светското ММА првенство во Тбилиси

Сподели
Сподели

Македонската ММА шампионка Даниела Алексовска го заокружи настапот на Светското првенство во Тбилиси, Грузија со нов медал за Македонија. Таа успеа да се пласира меѓу најдобрите три во својата категорија до 52.2 кг и да освои бронзен медал.

Во полуфиналната борба Алексовска влезе мотивирано и ја започна борбата поагресивно од својата противничка. Уште во првата рунда таа погоди со повеќе чисти удари и ја презеде иницијативата. Сепак, во втората рунда Азербејџанката Нармин Алијева ја искористи својата шанса и со вешт зафат успеа да ја принуди нашата натпреварувачка да се предаде.

И покрај поразот, Алексовска уште еднаш покажа дека припаѓа во самиот врв на светската ММА сцена. Со овој освоен медал  таа ја збогати својата колекција на медали, во која веќе се наоѓа и златото од Европското првенство во февруари оваа година, како и бронзата од Светското првенство во Узбекистан во 2023.

Со вакви борбени настапи и високи резултати, Алексовска се наметнува како едно од најголемите имиња во македонските боречки спортови и мотив за идните генерации спортисти.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Вардар го доби Алкалоид, дербито против Пелистер ќе биде за шампионската титула!

Вардар 1961 е на само еден бод од нова шампионска круна во македонската Суперлига, откако во 6. коло од плеј-офот пред својата публика...

Кошарка

Гевгелија е местото за ново дружење на младите кошаркарски таленти од цела Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија во викендот кој следува ја продолжува сезоната на М12 каравани. односно проектот посветен на најмладите кошаркар(к)и, чија цел е...

Поврзани написи
Останато

МОК и Општина Кичево со заеднички план за развој на спортот и младите таленти

Во Кичево денеска се одржа работна средба меѓу претседателот на Македонскиот олимписки...

Останато

Голем чекор за радовишкиот кик-бокс: Василев на SENSHI камп, Крстев ќе настапи на Европски куп

Македонскиот кик-бокс добива нова меѓународна потврда, откако младиот борец Мирко Василев ќе...

Останато

Солиден прв ден за македонските таеквондистки на ЕП 2026 во Крит

Првиот ден од Европското првенство 2026 во Крит, Грција донесе настапи на...

Останато

Штип УГД во петок може да ја подигне шампионската титула

Штип УГД е на чекор до шампионската титула и обединување на круните...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!