Останато

Деспотовски македонски претставник на „Тренерската конвенција“ во Задар

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Тренерот на Работнички Скопје и помошник селектор во женската сениорска репрезентација на Македонија, Душко Деспотовски, беше единствениот македонски претставник на шесттата „Тренерска конвенција“ што од 26 до 28 септември се одржа во Задар, во организација на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ).

Конвенцијата беше посветена на работа со младите категории, а како предавачи се појавија врвните стручњаци Ерик Хоџсон, Сашка ван Хинтум и Наталија Климентова. Учесниците имаа можност да следат теоретски предавања, практични тренинг сесии, како и специјализирани работилници за размена на искуства и примена на нови иновативни методи во тренинг процесот.

„Тренерската конвенција“ е дел од големиот проект на ЦЕВ „Играј одбојка – расти со неа“, во кој се вклучени 30 национални федерации од Европа, меѓу кои и Одбојкарската федерација на Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!