Останато

Судиската организација на ОФМ со успешен семинар во Охрид – нови правила и 12 дебитанти

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Судиската организација на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) викендов успешно го реализираше редовниот годишен семинар за судии и делегати, кој се одржа во Охрид.

Семинарот беше дел од подготовките за новата натпреварувачка сезона 2025/26, а главен предавач беше ФИВБ-инструкторот Зорица Бјелиќ. Таа одржа стручни предавања со акцент на петте промени во правилата на одбојката, кои ќе стапат на сила од оваа сезона.

За оваа едукација, Судиската организација и ОФМ упатија покана и до домашните тренери, со цел подобро усогласување и соработка меѓу судиите и стручните штабови, но одзивот на тренерите беше под очекувањата.

Семинарот донесе и освежување во судиските редови – дури 12 нови кандидати успешно ги поминаа тестирањата и ќе дебитираат како судии во сезоната што претстои. Покрај предавањата, задолжително беше и полагањето на писмени тестови, без кои не може да започне сезоната.

Членовите на Судиската организација кои го пропуштија семинарот ќе подлежат на санкции, согласно одлуката на Претседателството на СО.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
Останато

Сребро за Душица Бресалиева на Multi European games G1 2026

Македонската таеквондистка Душица Бресалиева освои сребрен медал на Multi European Games G1...

Останато

Алексеј Стојановски триумфираше на турнирот „Тумба“ во Куманово

Изминативе денови на терените на ТК „Тумба“ во Куманово се одржа турнир...

Останато

Калин Митевски двоен победник на МТП Опен 2026

Македонскиот тенисер Калин Митевски е двоен победник на МТП Опен 2026, турнир...

Останато

Дарија Крстевска ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во атлетика во Копенхаген

Младата македонска атлетичарка Дарија Крстевска за прв пат ќе ја претставува Македонија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!