Трета лигаФудбал

Стадионот во Валандово подготвен за супер-дерби на Победа и Овче Поле

Сподели
Сподели

Градскиот стадион во Валандово денеска ќе биде центарот на вниманието во Трета лига – Исток. Од 15 часот се игра дербито на колото меѓу Победа Валандово и Овче Поле од Свети Николе – дуел на две непоразени екипи кои во досегашниот дел од сезоната прикажаа одлични партии.

Домашниот тим, кој ќе има силна поддршка од верните навивачи „Калинкари“, најавува голема борба за нови бодови и продолжување на позитивната серија. Очекувањата се дека стадионот ќе биде исполнет, а атмосферата на трибините ќе донесе дополнителен мотив за валандовските фудбалери.

Од друга страна, Овче Поле во Валандово доаѓа со големи амбиции и верба за нови три бодови и продолжување на победничката низа.

Се очекува возбудлив и борбен натпревар, достоен за дерби на врвот во Третата лига – Исток.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Фудбалскиот терен во штипската населба Чардаклија доби трибини

Фудбалскиот терен во штипската населба Чардаклија, каде традиционално се одржува Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“, за првпат доби трибини, со што...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Ѓорѓе Стојчев прозиваше – Брера Струмица ги започна подготовките

Второлигашот Брера Струмица денес ги започна подготовките за новата сезона, откако шефот на стручниот штаб Ѓорѓе Стојчев ја имаше првата прозивка. Тимот се...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО: Ѓорѓе Стојчев прозиваше – Брера Струмица ги започна подготовките

Второлигашот Брера Струмица денес ги започна подготовките за новата сезона, откако шефот...

Втора лигаФудбал

БОМБА ВО ОХРИД: Горан Силјановски – Шаро за „рибарите“ – се гради тим за Прва лига!

ГФК Охрид Лихнидос продолжува да го засилува играчкиот кадар со јасна цел...

Прва лигаФудбал

Прволигашот Арсими се засили со Матео Софијаноски

Прволигашот Арсими го претстави дефанзивниот играч за врска Матео Софијаноски како најново...

Прва лигаФудбал

ФОТО: Силекс се подготвува во Кратово за реваншот против Динамо Минск

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Силекс продолжува да се подготвува...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!