Втора лигаФудбал

Здравков: Отидовме по цел „плен“ во Кочани, и во Радовиш носиме три бодови!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Детонит Плачковица славеше со минимални 1:0 во Кочани против Осогово, во натпревар од шестото коло во Втората лига. Победничкиот погодок за радовишани го постигна Филип Ѓорѓиевски во 77. минута, што беше доволно трите бодови да заминат во Радовиш.

Тренерот на Детонит Плачковица, Горан Здравков, за Спортска Мрежа истакна дека неговиот тим одиграл дисциплиниран и квалитетен натпревар, во кој еден гол го решил победникот.

„Одиграме доста добар натпревар, дисциплиниран, сите фудбалери дадоа свој придонес во оваа важна победа за нас. Бевме доминантни во текот на сите 90 минути, имавме одлично судење кое што морам пофалам. Едноставно ја заслуживме победата. Натпреварот го одлучи само еден гол, иако имавме уште три до четири сто процентни шанси, противникот исто имаше свои моменти во текот на натпреварот, кои што не ги искористи. Сакам да се заблагодарам за гостопримството од страна на домаќинот – Осогово, а ние продолжуваме понатаму да се сконцентрираме и фокусираме на наредните натпревари“, ни изјави Здравков.

Стратегот се заблагодари на своите играчи за максималниот ангажман и посочи дека клуч за победата била стрпливоста.

„Честитки до сите момци кои изгинаа на теренот, главна одлика на натпреварот во Кочани ни беше стрпливоста, имаме потенцијал и квалитет во нашиот тим“, додаде Здравков за Спортска Мрежа.

Во следното коло Детонит Плачковица ќе го пречека тимот на Победа, додека Осогово ќе игра регионално дерби против Слога во Виница.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!