Втора женска фудбалска лигаФудбал

Јованоски го доби дербито меѓу Порече и Билјанини Извори, Максимовска ќе им суди на Слободен и Плачковица

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

За утре се закажани натпреварите од третото коло на Втората женска фудбалска лига. Делегирани се и судиите кои ќе ја делат правдата на трите второлигашки натпревари во женска конкуренција.

Во битолско Кравари ќе се соочат апсолутниот фаворит Конзули и велешки Борец, а главен судија ќе биде Климент Ристоски од Струга.

Негови помошници ќе бидат Разме Бакрачески и Марио Мојсоски, исто така од Струга, а мечот ќе започне во 12 часот.

Филип Јованоски од Прилеп ќе ја дели правдата во Македонски Брод каде ќе се одигра дербито меѓу Порече и Билјанини Извори од Охрид.

Борис Трајков и Филип Боцески од Прилеп ќе бидат помошници, а мечот ќе започне во 15:30 часот.

Слободен на домашен терен ќе ја пречека Плачковица во меч кој ќе започне во 11 часот, а Јована Максимовска од Скопје ќе дели правда. Помошници ќе бидат Теодора Крстевска и Александар Нешкоски од Скопје.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Илами Исејни го објави списокот на македонската репрезентацијата до 17 години

Селекторот на националниот тим до 17 години, Илами Исејни го објави списокот на фудбалери кои ќе бидат во конкуренција за настап на контролните...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Костадинов: Мора да го дадеме максимумот на секој натпревар и мислам дека ќе се покажеме во добро светло

Македонската репрезентација го отвора циклусот во Лига Б со натпревар против Швајцарија на 26 септември во Скопје. По премиерата на домашен терен, избраниците...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија лидер, Брегалница скокна на шестото место, Силекс седми, Скопје на дното

Вчера во Штип беше комплетирано осмото коло од Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Голем влог во Радовиш и Тетово: Кој ќе слави и кој ќе направи скок на табелата?

Денес ќе биде комплетирано второто коло во Втората македонска фудбалска лига со...

Прва лигаФудбал

Брегалница се врати на победите: Глигоров погоди за 1:0 против Скопје

Брегалница се врати на победнички патеки со минимален триумф од 1:0 против...

Втора лигаФудбал

Сите погледи кон Радовиш, „рибарите“ во битка за лидерската позиција во Втора лига

Сите погледи утре ќе бидат насочени кон Радовиш и Тетово, каде што...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!