Трета лигаФудбал

Никодиноски ќе им суди на Беса Слупчане и Кадино, Тодоровски на Куманово и Фортуна

Сподели
Сподели

Делегирани судиите за четвртата рунда од Трета лига- Север, а натпреварите се закажани за утре со почеток од 16 часот.

Бобан Јовановски од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Беса од Сарај и Аеродром, а ќе му помагаат Александар Атанасовски и Виктор Здравев од Скопје.

Ржаничино дома ќе игра со Лопате, а Марјан Младеновски од Скопје ќе биде задолжен да ја дели правдата, а негови асистенти ќе бидат Христијан Стојанчевски и Анастасија Брајковска од Скопје.

БВК Коњаре на домашен терен ќе игра со Башкими Љуботен, а делител на правдата ќе биде Денис Стојковиќ од Куманово со неговите помошници Станко Митровиќ и Бојан Александровски, исто така од Куманово.

Методија Ставров од Скопје ќе им суди на Еуромилк ГЛ и Отља, а ќе му помагаат Бојан Божиновски и Матеј Спасевски од Скопје.

Екипата на Беса од Слупчане на домашен терен ќе ги одмери силите со Кадино, а главен судија на овој меч ќе биде Иле Никодиноски од Скопје, со неговите помошници Стојанче Колев и Милош Алексиќ од Куманово.

Ненад Тодоровски од Скопје ќе им суди на Куманово и Фортуна, а ќе му помагаат Филип Николов и Филип Тодоровски.

Како главен судија Мартин Дувњак ќе биде задолжен да дели правда на мечот меѓу Пчиња и Студеничани, а негови асистенти ќе бидат Александар Ѓорѓиевски од Скопје и Јована Максимовска од Скопје.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Брегалница се врати на победите: Глигоров погоди за 1:0 против Скопје

Брегалница се врати на победнички патеки со минимален триумф од 1:0 против Скопје во натпреварот со кој беше комплетирано осмото коло во Првата...

Ракомет

Вардар фуриозно до втора регионална победа, Будванска Ривиера немоќна во Скопје!

Вардар 1961 стигна до втората победа во Регионалната ракометна лига, откако на убедлив начин ја совлада Будванска Ривиера со 44-27. „Црвено-црните“ уште од...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Брегалница се врати на победите: Глигоров погоди за 1:0 против Скопје

Брегалница се врати на победнички патеки со минимален триумф од 1:0 против...

Втора лигаФудбал

Сите погледи кон Радовиш, „рибарите“ во битка за лидерската позиција во Втора лига

Сите погледи утре ќе бидат насочени кон Радовиш и Тетово, каде што...

Прва лигаФудбал

Јашар пред дуелот со „пиратите“: Ќе дадеме се од себе на крајот да се радува градот Штип и нашите навивачи

Брегалница и Скопје денеска во Штип го затвораат осмото коло од Првата...

Прва лигаФудбал

Скопје е подготен за вечерашното соочување со Брегалница и се надева на позитивен резултат во Штип

Во последниот натпревар од осмото коло во Првата фудбалска лига, тимот на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!