Втора лигаФудбал

Пилешков главен на Чаир, Илиоски ќе им суди на Осогово и Детонит Плачковица

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите за претстојното 7. коло во Втората лига. Најголемиот дел од натпреварите ќе се одиграат во сабота, 27 септември од 15:00 часот, додека едно дерби е закажано за недела.

На стадионот „Чаир“ ќе се сретнат Шкендија Арачиново и Слога Виница. Главен арбитар е Димитар Пилешков, со асистенција од Богданчо Ѓеорѓиев и Петар Михаилов. Четврти судија е Спире Арсов, додека натпреварот ќе го следат делегатот Тони Ефтимов и контролорот Горан Ангелески.

Во Кочани, Осогово го пречекува Детонит Плачковица. Средбата ќе ја суди Влатко Илиоски, со помош од Борис Трајков и Дино Конески. Четврти судија е Дарко Стојанов, делегат е Раде Гроздановски, а контролор е Благој Шуклев.

Победа во Прилеп ќе игра со Големо Коњари на „Гоце Делчев“. Главен судија е Владимир Ѓорѓиевски, со асистенти Ангела Домазетовска и Дарко Василевски. Четврти судија е Дени Лековски, Мерсим Зендели ќе биде делегат, а Петар Мантев како контролор.

Во Гевгелија, Кожуф ќе се соочи со Скопје. Главен арбитар е Боби Величковски, асистиран од Тоше Ицев и Роберт Црвенов. Четврти судија е Ангелчо Ристов, со Митко Бојаџиев како делегат и Зоранчо Темелков како контролор.

Вардар Неготино на домашен терен го пречекува Охрид Лихнидос. Натпреварот ќе го суди Игор Иванов, со помошници Давор Дишлиевски и Андреј Ќамилов. Четврти судија е Здравко Костовски, додека делегат е Слаѓан Божиновски, а контролор Зоран Костовски.

Во Штип, Брегалница ја пречекува Преспа. Главен судија е Јордан Јовановски, асистиран од Кирил Манчев и Славе Станисавовски. Четврти судија е Блаже Петковски, делегат е Лазар Проданов, а контролор Никола Божиновски.

Екипата на Новаци на домашен терен ќе игра со Каменица Саса. Средбата ќе ја води Ангел Гелов, со помош од Димитар Здравески и Зоран Ангелов. Четврти судија е Дарко Котевски, делегат е Христијан Димоски, а контролор Жарко Тодоровски.

Колото ќе се затвори во недела, 28 септември, со натпреварот меѓу Тетекс и Беласица во Јегуновце. Судија на натпреварот е Игор Стојчевски, со помошници Стефан Стојановски и Иван Ивановиќ. Четврти судија е Дарко Стојчевски, додека официјални претставници се Дејан Боневски како делегат и Бранко Величковски како контролор.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Битола слави голема победа – Еурофарм Пелистер со неверојатен пресврт го урна германски Гумерсбах!

Битола вечерва повторно ја почувствува магијата на големите европски ракометни вечери! Еурофарм Пелистер приреди вистински спектакл во салата „Боро Чурлевски“, совладувајќи го германскиот...

Ракомет

Андоновски: Со борба до последен здив за секоја топка, одиме по првата сезонска победа против Струга!

В сабота од 18 часот салата „Млаз“ во Богданци повторно ќе се наполни до последното место за мечот меѓу Младост и Струга од...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица ќе добие нов тренер, Раде Цицмиловиќ поднесе оставка поради лични причини

Второлигашот Беласица ќе добие нов тренер откако Раде Цицмиловиќ поднесе оставка и...

ФудбалЧетврта лига

Маџари го доби дуелот со Гоце Делчев, Зелениково со пет гола за Ускуп, лидерот Бујковци до три бода

Четири домашни и една гостинска победа го одбележаа осмото коло во Четвртата...

ФудбалФутсал

Шкупи во финишот до три бода, Форца со 15 гола против Клими, Осогово до голем триумф!

Поранешниот шампион Форца со неверојатни 15:1 го „разнесе“ Клими од Кавадарци во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!