Останато

Годишен семинар за одбојкарски судии и делегати ќе се одржи викендов во Охрид

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија на 27 и 28 септември во хотелот „Пела“ во Охрид ќе го одржи редовниот годишен едукативен семинар за судиите и делегатите во пресрет на новата натпреварувачка сезона 2025/26.

Семинарот, кој е задолжителен, има за цел континуирано професионално унапредување на судиите, размена на искуства, усогласување со актуелните и новите меѓународни правила, како и спроведување на задолжителното тестирање за активните судии и делегати.

Главен предавач ќе биде Зорица Бјелиќ од Србија – ФИВБ инструктор, истакнат меѓународен судија и актуелен судиски делегат со долгогодишно искуство во едукација на судии на највисоко ниво. Таа ќе одржи четири предавања, меѓу кои и темата: „Интерпретација на новите правила во врска со двојно одигрување на играта и позиција на играчите“. За ова предавање беа поканети и тренерите од државните лиги на ОФМ.

Покрај редовната едукација, Судиската организација отвори и јавен повик за нови судии, а интерес пројавија десет кандидати. За нив ќе одржат предавања националниот судија Александар Цеков и меѓународната судијка Елеонора Петровска.

Како дел од семинарот, ќе се спроведе и редовното годишно тестирање, кое е од особено значење бидејќи резултатите директно влијаат на рангирањето и ангажманот на судиите и делегатите во текот на новата сезона во националните првенства.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!