Прва лигаФудбал

Бафто ќе им суди на Башкими и Вардар, Стојанов оди во Струга, дербито во Тетово за Трпчевски

Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија ги објави официјалните делегации за натпреварите од 8. коло во Првата лига, кое ќе се одигра во три дена – 27, 28 и 29 септември.

Програмата започнува во сабота (27 септември) со дуелот во Кавадарци меѓу Тиквеш и Македонија ЃП. Главен судија ќе биде Јован Качевски, а негови помошници ќе бидат Разме Бакрачески и Климент Ристоски. Четврти судија е Благојче Ралевски, додека во ВАР собата ќе бидат Никола Костенчев и Мартин Дејаноски. Делегат е Благојче Ангелевски, контролор Сашо Лазаревски, а за повторувањата ќе се грижи Диме Димовски.

Во исто време во Гостивар се игра натпреварот меѓу Аресими и Шкупи. Александар Урошевиќ ќе го предводи судискиот тим, со помош од Имран Абази и Александар Ѓорѓиески. Четврти судија е Пларент Салихи, ВАР ќе го води Александар Грујоски со поддршка од Вјолца Изеири, додека делегат е Ненад Крстевски, а контролор Дејан Неделкоски.

Во недела (28 септември) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се соочат Работнички и Брера Струмица. Крумислав Ѓорѓиев ќе ја води средбата, асистиран од Даниел Василевски и Филип Ицовски. Четврти судија е Ндерим Тефику, во ВАР собата повторно е Пларент Салихи, а АВАР е Фуркан Идризи. Делегат е Венцо Зафиров, контролор Димитар Мечкаровски, а за техничката поддршка на системот е задолжен Петар Стојановски.

Истиот ден, во Тетово, дербито меѓу Шкендија и Силекс ќе го суди Стојанче Трпчевски. Негови асистенти се Гоце Петрески и Дарко Видиниќ, а четврти судија е Александар Василевски. Во ВАР собата ќе биде Фатмир Бафто со Мишо Ѓорѓиески како АВАР, додека делегат е Тони Николовски, а контролор Бранко Манојлоски. Техничката поддршка ќе ја обезбеди Жарко Пејковски.

Понеделник (29 септември) носи два натпревари. Во Куманово, Башкими ќе го пречека Вардар. Главен судија е Фатмир Бафто, со асистенти Дарко Јовчевски и Мишо Ѓорѓиески. Четврти судија е Марјан Стојановски, ВАР ќе го раководи Игор Стојчевски, а АВАР ќе биде Гоце Петрески. Делегат е Драган Блажевски, контролор Илир Сеља, додека со повторувањата ќе управува Деан Стефков.

Во исто време во Струга, домашната екипа ја пречекува Пелистер. Средбата ќе ја води Стојанче Стојанов, со помош на Душко Панов и Ристо Ѓорѓиев. Четврти судија е Кирил Смоковски, а во ВАР собата ќе биде Стојанче Трпчевски со поддршка од Дарко Видиниќ. Делегат е Славчо Ѓорѓијоски, контролор Крсте Даниловски, а оператор за повторувањето е Виктор Васев.

Сподели

Не пропуштајте

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

Поврзани написи
КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!