Останато

Даниела Алексовска ќе ја претставува Македонија на Светското ММА првенство во Тбилиси, Грузија

Сподели
Сподели

Овој викенд, Даниела Алексовска повторно ќе ја претставува Македонија на Светското ММА Првенство кое ќе се одржи во Тбилиси (Грузија).

Само две недели по спектакуларната победа на „АРМАДА 14“ во Скопје, со која триумфира со армбар уште во првата рунда, Алексовска повторно ќе влезе во кафезот, овој пат на највисокото светско ниво.

Таа ќе настапи во категоријата до 52.2 кг, каде што моментално е рангирана на третото место во светот. Ова ќе биде нејзино второ учество на Светско првенство, откако минатата година во Узбекистан успеа да освои бронзен медал и да донесе голема радост за Македонија.

Во Грузија, Алексовска ќе има сериозна конкуренција – ривали од Украина, Казахстан, Мексико и Азербејџан.

Таа заедно со својот тим „The Strongest Скопје“, претседателот на Македонската ММА Федерација Ивица Алексовски и тренерот Стефан Пецевски, Даниела заминува на светско првенство решена да го освои  златото и да се врати со медал во Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а сега сака и нова три бода против екипата на Скопје. Капитенот...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат со духот и се надеваат дека многу брзо ќе успеа да...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!