Останато

УГД Штип, Наковски Волеј и Работнички стартуваат во европските купови

Сподели
ФОТО: Одбојкарски клуб Штип УГД
Сподели

Двајца од тројцата македонски претставници во третото по квалитет европско клупско натпреварување, Челинџ купот, сезонава ќе дебитираат на меѓународната сцена, а Европската одбојкарска конфедерација во договор со клубовите ги утврди термините за одигрување на натпреварите.

Освојувачот на Купот 2025 кај мажите, УГД Штип, својата европска премиера ќе ја има на 12 ноември, кога ќе гостува кај Кол ИЛ во салата „Крингсјахале“ во Осло од 19 часот. Реваншот е закажан за 19 ноември, од 19 часот, во салата „25 Мај“ во Радовиш, каде УГД Штип ќе го пречека норвешкиот претставник.

Наковски Волеј, пак, ќе дебитира на европско тло на 29 октомври во 18 часот во салата „Варенска“ во Острава, со меч против чешкиот ривал ТЈ Острава во првото коло од Челинџ купот. Возвратниот дуел ќе се одигра на 5 ноември од 19 часот во СЦ „Парк“ во Струмица.

За разлика од машките екипи, одбојкарките на Работнички Скопје ќе ги одиграат двата натпревари на гостински терен во Естонија. Според договорот со противникот РАЕ Спортдикол, првиот меч ќе се игра на 4 ноември во 18 часот, а вториот ден подоцна, во истиот термин, во салата „Рае Спортдикомплекс“ во Јури.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) МОК ја продлабочува соработката со Светската е-спорт федерација: Е-спортот и олимпизмот се новата реалност

Македонскиот олимписки комитет оствари работна средба со висока делегација на Светската е-спорт...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА...

Останато

Сребро за Душица Бресалиева на Multi European games G1 2026

Македонската таеквондистка Душица Бресалиева освои сребрен медал на Multi European Games G1...

Останато

Алексеј Стојановски триумфираше на турнирот „Тумба“ во Куманово

Изминативе денови на терените на ТК „Тумба“ во Куманово се одржа турнир...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!