РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У-17 утре со шанса за триумф против Кипар во Радовиш

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање без претходна согласност!
Сподели

Утре (четврток) од 13:00 часот на Градскиот стадион во Радовиш ќе се одигра вториот пријателски натпревар меѓу младите репрезентации на Македонија и Кипар (до 17 години).

Во првиот дуел одигран во понеделник, гостите од Кипар славеа со минимални 0:1. Средбата, покрај резултатот, ја одбележа и несреќната повреда на македонскиот репрезентативец Сонер Рекипи, кој веднаш беше пренесен во радовишката болница.

Македонија утре ќе има нова можност за да покаже повеќе и да стигне до подобар резултат пред својата публика. Радовиш повторно ќе биде домаќин на репрезентативен фудбал, потврдувајќи ја традицијата започната неодамна со натпреварот на македонската репрезентација до 19 години против Босна и Херцеговина.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската ракометна репрезентација ги започна подготовките за ЕП 2026, Македонија ќе игра турнир во Турција

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија го одржа собирот во Скопје, со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!