Останато

Струмица и Јанта Волеј Кисела Вода го отвораат европскиот циклус со домашни дуели

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонските претставници во Лигата на шампионите, Струмица кај мажите и Јанта Волеј Кисела Вода кај жените, ќе го отворат европскиот натпреварувачки циклус со два домашни натпревари во Скопје.

Според договорот меѓу македонските клупски прваци, нивните противници и Европската одбојкарска конфедерација, првите средби во клупските европски купови ќе се одиграат на 22 октомври во салата „Јане Сандански“.

Според распоредот, Струмица од 17:00 часот ќе го пречека романскиот шампион Динамо Букурешт, додека одбојкарките на Јанта Волеј КВ од 20:30 часот ќе се соочат со трикратниот првак на БиХ, Гацко.

Реваншот на Струмица против Динамо е закажан за 28 октомври во Букурешт, со почеток од 18:00 часот по македонско време, додека Јанта Волеј КВ ќе го игра својот возвратен дуел на 29 октомври во СЦ „Олимп“ во Требње.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи влегуваат во пресметката со јасна...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!