ИнтернационалциФудбал

Стефан Ашковски се враќа во Србија – ново засилување на Раднички Ниш

Сподели
ФОТО: ФК Раднички Ниш
Сподели

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски и официјално е нов фудбалер на Раднички Ниш. 29-годишниот офанзивец повторно ќе настапува во Србија, земјата каде што ја започна својата професионална кариера.

Ашковски доаѓа од кипарскиот Етникос Ахна, а претходно има настапувано и во Турција, Холандија, Полска, Бугарија, Романија, Грција и Ерменија. Неговата кариера започна во Партизан, по што следуваа ангажмани во Шкендија, Ерчијеспор, Фортуна Ситард, Горник Лежна, Славија Софија, Ботошани, Сепси, Ламија, Алашкерт, Шанлиурфаспор и Етникос Ахна.

„По една деценија, повторно сум во Србија, во Раднички од Ниш, и можам да кажам дека сум пресреќен што сум тука. Раководството на клубот, првиот човек Ивица Тончев, сакаше да дојдам во Раднички пред две години, но имаше проблеми со документацијата. На наше заедничко задоволство, сега сè е во ред. Раднички е клуб со богата историја, традиција и има свои навивачи. Луѓето од Ниш го сакаат фудбалот, па затоа сум многу задоволен и од тој аспект. Би сакал да постигнам подобар пласман оваа сезона од минатата година. Да стигнеме до плејофот. Моите амбиции и амбициите на клубот се совпаѓаат. Знам дека ќе дадам се од себе на секој тренинг и на секој натпревар за да ги оствариме нашите цели. Досега ја следев Суперлигата, Раднички има добар тим, сега работите почнаа да се подобруваат и верувам дека така ќе продолжи да биде. Дека тимот ќе расте од ден на ден“.

Со своето искуство и офанзивни карактеристики, Ашковски треба да донесе свежина и дополнителен квалитет во тимот на Раднички, кој има амбиции за повисок пласман во српскиот шампионат.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!