Прва лигаФудбал

Македонија Ѓ.П. и Башкими до три бода, запрена победничката серијата на Силекс во Куманово

Сподели
ФОТО: ФК Башкими
Сподели

Екипата на Македонија Ѓ.П. дојде до својата втора победа сезонава, совладувајќи ја АП Брера со 2:0 на домашен терен во рамки на 6. коло од Првата македонска фудбалска лига. „Лавовите“ имаа доминација од самиот почеток, а резултатот го отворија во 17. минута преку Симеон Христов по асистенција на Клинтон. Иако продолжија со нападите, првиот дел заврши минимално 1:0.

Во второто полувреме Брера се обиде да се врати во игра, но исклучувањето на Хасан во 53. минута ја отежна нивната задача. Македонија Ѓ.П. ја искористи бројчаната предност и во 72. минута преку Мартин Талаков ја завери победата со погодок за 2:0. Со овој триумф скопскиот тим стигна до шестиот бод во првенството, додека Брера остана со пет.

Во Куманово, пак, Башкими ја прекина серијата од пет победи на Силекс, славејќи со 2:1 иако повеќе од половина час играше со играч помалку. Домаќините поведоа во 21. минута со голот на Аворнио, а во 53. минута Алексовски зголеми на 2:0.

Фисник Зука во 60. минута доби втор жолт картон и беше исклучен, што Силекс веднаш го искористи за да намали на 2:1 преку Пирес. Гостите до крајот имаа уште неколку добри шанси за израмнување, но голманот Јашар и слабата реализација не дозволија промена на резултатот.

Со овој триумф Башкими ја запиша втората победа на домашен терен, додека Силекс претрпе прв пораз по пет успешни натпревари. Во следното коло Башкими гостува кај Пелистер, а Силекс ќе ја пречека Струга Трим Лум.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје доби нов тренер – искусниот Дејан Мијатовиќ го презема македонскиот шампион!

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го реши прашањето околу новиот шеф на стручниот штаб. Искусниот српски стратег Дејан Мијатовиќ е назначен...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД го „прегази“ Работнички за огромна радост на штипјани во „Џексон“

Македонскиот шампион Штип УГД забележа огромна победа над Работнички од Скопје со максимални 3:0 во сетови во рамките на 4. коло на Првата...

Поврзани написи
Фудбал

Чеферин: Со Масар имаме одлична соработка, македонскиот фудбал е во добри раце

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, во интервју за Фудбалската...

ФудбалЧетврта лига

Спортска Мрежа дознава: Готен службено го доби мечот со Слога Злеово, три бодови во Подареш

Според ексклузивно информации на Спортска Мрежа вечерва и официјално беше донесена одлука...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера како апсолутен фаворит против „фенерџијата“ Кочани, Скопје ќе го пречека Вардар

Викендот со мечевите од 14. коло завршува есенската полусезона во Првата женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!