Останато

Македонскиот репрезентативец Ѓорги Ѓоргиев ќе ја продолжи кариерата во францускиот прволигаш Поатје

Сподели
ФОТО:instagram poitevin Volley-Ball
Сподели

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓорги Ѓоргиев ќе ја продолжи кариерата во редовите на францускиот прволигаш Поатје.

Во соопштението се истакнува дека станува збор за искусен играч кој зад себе има богата интернационална кариера и настапи во неколку силни европски првенства. Ѓоргиев во досегашната кариера настапувал во Турција, Полска и Франција, каде остави значителен белег.

Минатата сезона 33-годишниот техничар играше за турскиот Пазарџик и полската Варта, каде со своето искуство и лидерски квалитети беше еден од клучните играчи на тимот. Сега се враќа во Франција, земја во која веќе настапуваше во периодот од 2018 до 2020 година носејќи го дресот на Париз, клуб во кој стекна големо реноме.

Со потпишувањето за Поатје, Ѓоргиев ќе има нов предизвик во една од најсилните европски лиги, која важи за дом на бројни врвни одбојкари. Од него се очекува да внесе стабилност и искуство во редовите на францускиот тим, кој има амбиции за висок пласман во претстојната сезона.

Овој трансфер претставува и добра вест за македонската репрезентација, бидејќи Ѓоргиев со натпреварите во силна конкуренција ќе остане во топ форма и ќе биде подготвен за идните предизвици на националниот состав.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје...

Останато

Ивановски избори финале на турнирот М25 во Загреб

Македонскиот дејвис куп реперезентативец Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на М25 Загреб турнирот откако во...

Останато

Ѓорческа ќе игра против финалистката од ланскиот Вимблдон

По историскиот успех и пласманот на главниот турнир на Вимблдон, кој го...

Останато

ФОТО: По блесокот во Норвешка, Изабела Зајков се подготвува за Светското првенство во Полска

Младата македонска натпреварувачка во бразилско џиу-џицу (BJJ), Изабела Зајков, зад себе има...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!