Втора лигаФудбал

(ФОТО) Целиот стадион стана на нозе за легендата: Беласица му оддаде признание на Петар Андреев

Сподели
ФОТО: ФК Беласица
Сподели

Беласица му оддаде големо признание на живата играчка легенда Петар Андреев пред натпреварот меѓу Беласица и Детонит Плачковица, од 4. коло на Втората лига, кој струмичани го добија со 1:0.

Целиот стадион, целата публика стана и му се поклони на Андреев, кој за Беласица одигра 555 натпревари низ рекордни 22 сезони, постигнувајќи 50 погодоци со што се вбројува меѓу најдобрите стрелци во историјата на клубот.

Андреев доби пригодни подароци од претседателот на клубот, Славчо Васков – Пинда за неговата импресивна кариера во дресот на струмичката фудбалска гордост.

ФОТО: ФК Беласица

„Човекот кој остави најголем траг во Беласица со 555 натпревари во 22 сезони, Петар Андреев претставува пример за денешните генерации каква треба да биде љубовта кон сопствениот клуб. Тој денес со големи овации беше поздравен од струмичката публика која во еден глас го скандираше неговото име. Од претседателот на клубот Славчо Васков – Пинда му беше доделена плакета и врамен дрес со неговото име кое ќе му остане во вечно сеќавање“, се вели во соопштението на клубот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев со пресврт до второто коло на Европското првенство за јуниори

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев со голема борба и пресврт успеа да обезбеди пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од селекцијата на Португалија, и остана без шанси за осминафинале на ЕП

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз во низа на Европското првенство, со што остана без шанси за пласман во...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!