Втора лигаФудбал

Поради голем интерес: Отворена и северната трибина за дербито Беласица – Детонит Плачковица

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалската еуфорија во Струмица за натпреварот од 4. коло во Втората лига помеѓу Беласица и Детонит Плачковица расте од ден на ден. Поради големиот интерес кај публиката, управата на Беласица донесе одлука да ја отвори и северната трибина на стадионот „Благој Истатов“.

Мечот, кој се игра во недела од 19:00 часот под рефлектори, ветува вистински фудбалски празник. Посебен белег на вечерта ќе биде свеченоста посветена на најголемата клупска жива легенда – Петар Андреев, кому ќе му биде доделена плакета и врамен дрес за неговите рекордни 555 натпревари и 22 сезони во дресот на „плаво-белите“.

Од Беласица апелираат до сите љубители на фудбалот од Радовиш и пошироко, како и до гостинските навивачи, да ја почитуваат оваа одлука и да придонесат за фер и спортска атмосфера на трибините.

Со отворањето на северната трибина, се очекува „Благој Истатов“ да биде исполнет до последно место, што дополнително ќе ја подигне атмосферата за дербито кое го привлекува вниманието во ова коло од Втората лига.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Црна Гора ја надигра Македонија во вториот меч од „Трофеј Македонија“

ФОТО: Црна Гора ја надигра Македонија во вториот меч од „Трофеј МакедонијаМакедонската женска ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на турнирот „Трофеј Македонија“,...

Ракомет

РК Феникс в недела го игра првиот официјален натпревар против Младост во Радовиш

Новоформираниот ракометен клуб Феникс од Радовиш во недела ќе го одигра првиот официјален натпревар откако клубот започна со работа пред околу седум месеци....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нова тренерска промена во Прва лига: Скопје остана без тренер, Муарем Муарем поднесе оставка

Прволигашот Скопје остана без тренер, откако Муарем Муарем поднесе оставка, со што...

КупФудбал

КУП: Дерби на Саса и Скопје, Истатов со Ржаничино, Љуботен кај Билјанини Извори, Вардар против Пелистер

Денес беа одредени паровите за осминафиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!