Прва лигаФудбал

Шкендија и Вардар со победи во домашното првенство

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Шкендија без поголеми проблеми ја совлада екипата на Башкими во Тетово со 2-1. „Црвено-црните“ поведоа преку Решат Рамадани во 24. минута, а вториот гол го постигна Тамба во 53. минута по акција во која одбраната на гостите несреќно реагираше.

Башкими успеа да намали преку Хоџиќ од пенал во 76. минута, но немаше сили за целосен пресврт.

На Арената „Тодор Проески“ во Скопје, Вардар ја доби градската пресметка против Македонија ЃП со минимални 1-0. Клучниот момент се случи во 52. минута, кога Азер Омерагиќ ја искористи големата грешка на одбраната на гостите и ја смести топката во празната мрежа.

Македонија ЃП имаше свои прилики, но не успеа да го совлада Талески, па бодовите останаа кај „црвено-црните“.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Лирија го доби Љуботен, Доброште со убедлива победа до три бода

Лирија на домашен терен во Желино славеше над Љуботен со 3:0 во меч од 8. коло на Трета лига регион 3 со што...

Останато

Газели Волеј и Вардар преку тај-брејк до нови победи во Првата лига

Второто коло од Првата одбојкарска лига за жени донесе голема неизвесност и возбудливи натпревари, а Газели Волеј и ЖОК Вардар ЕМ стигнаа до...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Лирија го доби Љуботен, Доброште со убедлива победа до три бода

Лирија на домашен терен во Желино славеше над Љуботен со 3:0 во...

КупФудбал

Познати термините за осминафиналето во Купот на Македонија

Познато е кога ќе се одиграат осминафиналните натпревари од Купот на Македонија,...

Трета лигаФудбал

Реми без голови во Крива Паланка на Осогово и Козјак

Седмото коло во Трета лига регион 2 беше отворено денес во Крива...

Трета лигаФудбал

Убедлива победа за БВК Коњаре, Ржаничино до три бода преку пресврт

БВК Коњаре со убедлива победа го отвори 7. коло во Трета лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!