Трета лигаФудбал

Салихи ќе им суди на Скендербеу и Ренова, Стојановски на Напредок и Вардар Брвеница

Сподели
Сподели

Утре започнува новата сезона во Трета лига – Запад со натпреварите од првото коло, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата.

Сезоната се отвара утре со натпреварот меѓу Речица и Зајази, кој се игра во Голема Речица, тетовско. Главен судија на овој натпревар ќе биде Александар Урошевиќ, а негови помошници ќе бидат Имран Абази и Генти Идризи. Делегат ќе биде Мујдин Ливорека, а пак контролор Музафер Имсаили.

Останатите натпревари на програмата ќе биде во недела.

Во Кичево екипата на Напредок ќе се соочи со Вардар од Брвеница, а за правдата ќе бидат задолжени Марјан Стојановски и неговите помошници Осман Зеќири и Никола Ѓорѓијоски, а пак делегат ќе биде Даут Алими, а контролор Ѓоре Војнески.

Новиот третолигаш Скендербеу ќе се соочи со некогашниот прволигаш Ренова, а Пларент Салихи ќе биде главен судија. Негови асистенти ќе бидат Александар Ѓорѓески и Метин Османи.

Делегат на средбата ќе биде Насер Есати, а пак контролор Аднан Идризи.

Влазерими на домашен терен ќе игра дерби со Џепчишти, а правдата ќе ја дели Бенарт Зеќири, а ќе му помагаат Зоран Јанкуловски и Вели Абдули.

Делегат на средбата ќе биде Арид Алими, а пак контролор Реџеп Дерала.

Дрита сезоната ја отвара против Камјани, во меч каде правдата ќе ја дели Бардхињ Ибраими, а ќе му асистираат Хабиљ Љиворека и Орхан Сабри. Делегат ќе биде Фатмир Салаи, а контролор Небојша Ѓорѓијевски.

Доброшти на свој терен ќе игра против Љуботен, а овој натпревар ќе го суди Ивица Петровски, а ќе му помагаат Беким Селими и Илчо Пауноски.

Делегат на средбата ќе биде Нуриман Салија, а контролор ќе биде Иљми Медии.

Комесарот за делегирање на судии во Трета лига – Запад, Музафер Исмаили во кратко изјава за Спортска Мрежа на сите клубови им посака многу среќа и успешна сезона, како и на судиите кои ќе делат правда во сезона 2025/2026.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска...

Трета лигаФудбал

Еден натпревар од Втора лига ќе се одигра утре

Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!