Трета лигаФудбал

Ристовски го доби дербито Победа Валандово-Ударник, Манчев главен во Струмица, Спасова ќе суди на Брегалница и Светлост Зрновци

Сподели
Сподели

Викендов се игра 2. коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток, а натпреварите започнуваат во недела со почеток од 15:00 часот. За сите средби се познати главните судии, нивните помошници, делегатите и контролорите.

На дуелот помеѓу ОФК Малеш и Дојранско Езеро, главен судија ќе биде Крумислав Ѓоргиев од Штип, со помошници Кочијев Марио и Филипов Игор. Делегат на натпреварот ќе биде Јанчичиќ Момир, а контролор Манчев Тони.

Средбата Тиверија – Рудар ќе ја суди Манчев Кирил, а негови помошници ќе бидат Станисавовски Славе и Манчев Петар. Делегат ќе биде Станоевки Дејан, додека контролор на натпреварот е Ангелов Слободан.

На дуелот Овче Поле – Карбинци, главен судија ќе биде Џамов Тоше, со помошници Апостолов Тодор и Ѓеоргиевски Мики. Делегат е Димитријев Кристијан, а контролор Ангелов Александар.

Натпреварот помеѓу Брегалница – Светлост Зрновци, главен судија ќе биде Спасова Александра, а ќе ѝ помагаат Михаилов Петар и Богатинов Игорче. Делегат е Дамјанов Ангел, а контролор Ѓоргиев Горан.

Дербито помеѓу Победа Валандово и Ударник го доби Доне Ристовски од Гевгелија, со помошници Танев Иван и Атанасов Илија од Гевгелија. Делегат ќе биде Харизанов Коце, а контролор Горбашлиев Алекса од Богданци.

За ова коло, екипата на Хоризонт Турново е слободна.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако и на гостински терен убедливо го совладаа австрискиот Келаг Ферлах, овојпат...

ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот од Штип кој лани испадна од елитата славеше со 2:3, во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот...

Трета лигаФудбал

Прв „кикс“ на Победа, Млекар до првиот бод, Бучин слави над Победа од Пепелиште

Прилепска Победа го направи првиот „кикс“ откако одигра 0:0 против Венец во...

Трета лигаФудбал

Лирија го доби Љуботен, Доброште со убедлива победа до три бода

Лирија на домашен терен во Желино славеше над Љуботен со 3:0 во...

КупФудбал

Познати термините за осминафиналето во Купот на Македонија

Познато е кога ќе се одиграат осминафиналните натпревари од Купот на Македонија,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!