Прва лигаФудбал

Бењамин Ќерими ќе им суди на Пржино и Истатов, дербито меѓу Љуботен и Скопје го доби Вјолца Изеири

Сподели
Сподели

Петтата рунда од Првата женска фудбалска лига ќе се игра во два денови, а колото се отвара в недела со три натпревари, а се затвара дури во среда (17 септември) со останатите два натпревари. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 5. коло.

Речица на домашен терен ќе игра против Тиверија Брера, каде главен судија ќе биде Спире Арсов од Кочани, а ќе му помагаат Снежана Илиевска од Македонска Каменица и Богданчо Ѓеоргиев од Кочани.

Контролор на натпреварот ќе биде Билјана Миланова од Свети Николе.

Во Струга екипата на Ас Јунајтед како фаворит ќе игра против битолски Топ Гол, а правдата ќе ја дели Димитар Левески од Охрид.

Негови помошници ќе му бидат Стефан Петрушевски и Мишо Ѓорѓиески од Охрид, а пак Марјан Ецкоски од Охрид ќе биде контролор.

Во Пржино ќе се игра дерби меѓу Истатов и Каменица Саса, а за правдата ќе биде задолжен Бењамин Ќерими од Скопје, а помошници ќе бидат Филип Ицковски од Скопје и Татјана Ивановска од Куманово.

Контролор на овој натпревар ќе биде Драган Ристовски од Куманово.


Во среда ќе се одигра дербито на двете засега максимални екипи шампионот Љуботен и Скопје. Вјолца Изеири од Гостивар ќе биде главен судија, а нејзини помошнички ќе бидат Елена Соклевска Илиевски и Тамара Цветановиќ од Скопје.

Контролор на средбата која се игра во Тетово ќе биде Душко Милошески од Скопје.

Дербито од дното за прва сезонска победа на Вардар и Кочани ќе го суди Ангела Рајчевска од Скопје, нејзини помошнички ќе бидат Цветанка Савеска од Јегуновце и Тамара Астарџиева од Скопје. Контролор ќе биде Орданчо Ангелов од Неготино.


Сподели

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска го предаде четвртфиналето во Парма поради повреда

Македонската тенисерка Сара Митевска го предаде четвртфиналниот меч против Германката Милена Стеинкамп на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16 години, кое...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Судијата Даниел Шлагер ќе ја дели правдата на Македонија – Швајцарија

Познати се арбитрите кои ќе ја делат правдата на првиот натпревар на Македонија во новото издание на Лигата на нации. Нашата репрезентација в...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во...

КупФудбал

КУП: Арсими ја декласираше Могила со 12 гола, хет-трик на Каба, два гола на Гаје

Прволигашот Арсими обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија откако славеше...

Втора лигаФудбал

Матески и Јахја за три бода на Охрид во Радовиш и прво место, Работнички го доби Тетекс

Охрид е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига откако „рибарите“ славеа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!