Трета лигаФудбал

Дејан Блажевски ја прекина пензијата и се врати во Хоризонт Турново!

Сподели
ФОТО: ФК Вардар
Сподели

По две години пауза од активно играње, искусниот Дејан Блажевски реши да се врати на фудбалските терени и повторно да го облече дресот на клубот во кој остави силна трага – Хоризонт Турново.

Популарниот „Шиле“ се враќа со јасна цел – да му помогне на тимот да стане шампион во Трета лига – Исток и преку бараж натпреварите да избори враќање во Втората лига.

39-годишниот Блажевски е добро познато име на македонската фудбалска сцена. Во домашното првенство ги бранеше боите на Вардар, Скопје, Хоризонт Турново, Пелистер и Работнички, додека во странство настапуваше за ПАЕ Вериа и Пиерикос (Грција), Хазар Ланкаран (Азербејџан) и Тирана (Албанија).

Тој веќе го имаше своето деби за Хоризонт Турново во дуелот со Дојранско Езеро во Дојран. Поранешниот вицешампион на Македонија славеше со 2:3 – резултат за кој веќе информираше Спортска Мрежа во прегледот на колото.


Блажевски повторно ја носи капитенската лента, а на својот кам-бек ги одигра сите 90 минути за Турново.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако и на гостински терен убедливо го совладаа австрискиот Келаг Ферлах, овојпат...

ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот од Штип кој лани испадна од елитата славеше со 2:3, во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот...

Трета лигаФудбал

Прв „кикс“ на Победа, Млекар до првиот бод, Бучин слави над Победа од Пепелиште

Прилепска Победа го направи првиот „кикс“ откако одигра 0:0 против Венец во...

Трета лигаФудбал

Лирија го доби Љуботен, Доброште со убедлива победа до три бода

Лирија на домашен терен во Желино славеше над Љуботен со 3:0 во...

КупФудбал

Познати термините за осминафиналето во Купот на Македонија

Познато е кога ќе се одиграат осминафиналните натпревари од Купот на Македонија,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!