Трета лигаФудбал

Како ќе изгледа новата сезона во Трета лига – Запад?

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Запад ќе започне овој викенд со натпреварите од првото коло.

Во новата сезона во Трета лига – Запад ќе настапат 12 екипи, а шампионот обезбедува бараж за можен влез во Втората лига.

Во новата сезона ќе настапат Љуботен, Вардар Брвеница, Влазерими, Доброшти, Дрита, Зајази, Камјани, Напредок од Кичево, Ренова, Речица, Џепчишти и новиот третолигаш Скендербеу.

Првото коло ќе се отвори веќе утре, со натпреварот меѓу Речица и Зајази, а пак останатите мечеви се играат во недела.

Напредок во Кичево ќе игра против Вардар Брвеница, Скендербеу ќе се соочи со некогашниот прволигаш Ренова, а пак Влазерими ќе игра дерби со Џепчишти во Кичево.

Екипата на Дрита ќе се соочи со Камјани, а пак Доброшти ќе игра со Љуботен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Пелистер ја врати неизвесноста во групата: по Гумерсбах, следува директен дуел со Гдањск

Победата над Гумерсбах со 29:28 ја промени европската перспектива на Еурофарм Пелистер. Битолчани стигнаа до три бода, а германскиот состав остана на четири...

Ракомет

Еден бод разлика: Алкалоид го чека Еурофарм Пелистер во Автокоманда

Алкалоид и Еурофарм Пелистер вечерва од 18 часот во салата Автокоманда ќе одиграат дерби што може да го промени распоредот веднаш зад водечкиот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Лидерот Струга гостува во Штип, дерби на Вардар и Тиквеш, Силекс ќе бара бодови против Шкендија

Репрезентативната пауза заврши, фокусот е на 14. коло од Првата македонска фудбалска...

Втора лигаФудбал

Беласица ќе добие нов тренер, Раде Цицмиловиќ поднесе оставка поради лични причини

Второлигашот Беласица ќе добие нов тренер откако Раде Цицмиловиќ поднесе оставка и...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!