КупФудбал

Шкендија броеше до девет – познати сите осминафиналисти во Купот на Македонија!

Сподели
Сподели

Со убедливата победа од 0:9 против четвртолигашот Јени Мале, екипата на Шкендија ја потврди својата доминација и обезбеди место во осминафиналето на Купот на Македонија.

Новото засилување Атхе Мазари блесна со хет-трик за само осум минути (5’, 8’, 13’), а во листата на стрелци се запишаа и Флорент Рамадани, Назиф Цека (пенал), Фитон Адеми, Ендрит Красниќи (два гола) и Лиридон Латифи.

Освен тетовци, Шкупи славеше со 0:2 на гостувањето кај Кожуф во Гевгелија, со головите на Сухељ Муарем и Џихал Адили, додека Тиквеш беше поуспешен од Скопје со 0:1, благодарение на погодокот на Иван Ивановски.

Со овие резултати, познати се сите 16 учесници во осминафиналето.

Меѓу нив се 10 прволигаши Шкендија, Шкупи, Тиквеш, Башкими, Пелистер, Работнички, Силекс, Македонија ЃП, Вардар и Струга Трим Лум и шест второлигаши Брегалница, ГФК Охрид, Детонит Плачковица, Шкендија Арачиново, Беласица и Новаци.

Ждрепката за осминафиналето се очекува наскоро, а Купот ветува уште поинтересни дуели и неизвесни пресметки!

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Секуловски: Да ги корегираме грешките и да ги освоиме трите бода

Пелистер излегува на мегдан со еден од најнезгодните противници во последната декада, Македонија ЃП, при што последната победа над денешниот противник датира од...

Останато

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков со поддрршка за македонските таеквондисти кои заминаа на ЕП во Грција

Репрезентацијата на Македонската традиционална таеквон-до федерација е подготвена за настап на Европското ИТФ првенство кое ќе се одржи во Хераклион, Крит, Грција во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Секуловски: Да ги корегираме грешките и да ги освоиме трите бода

Пелистер излегува на мегдан со еден од најнезгодните противници во последната декада,...

Фудбал

Започна уредувањето на фудбалското игралиште во Злетово: Следува комплетна обнова на инфраструктурата

Започнаа активностите за расчистување на просторот околу фудбалското игралиште во Злетово, со...

Трета лигаФудбал

Ангелчо Ристов ќе го суди дербито Превалец – Борец, Атанас Таневски главен во Крушево

Утрешното 22. коло на Трета лига – Југ го носи големото дерби...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!