Прва женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: Тиверија Брера без проблеми го совлада Вардар со четири гола!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Се комплетира второто коло во Првата женска фудбалска лига со натпреварот во Струмица, каде домаќинот Тиверија Брера рутински и убедливо со 4:0 го совлада дебитантот Вардар, кој запиша нов пораз.

Резултатот беше отворен уште во 15. минута со голот на Данче Карпизовска, а само осум минути подоцна, од белата точка, Теона Галабовска зголеми на 2:0, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел голманката и капитенка на домаќините Викторија Панчурова речиси и немаше работа, бидејќи вардарки не упатија ниту еден посериозен удар кон нејзиниот гол.

ФОТО: Спортска Мрежа

Стефанија Божинова во 71. минута погоди за 3:0, а само седум минути подоцна Ивана Илиева ја затресе мрежата за конечни 4:0. Голманката на Вардар, Халиме Имери, повторно капитулираше.

И покрај новите интернационални засилувања, Вардар сè уште не успева да стигне до прва победа и ќе мора да причека и за првите сезонски бодови.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!