Трета лигаФудбал

Ударник Пирава со сериозен тим и високи амбиции за новата сезона во Трета лига – Исток

Сподели
Сподели

Третолигашот Ударник од Пирава со сериозни амбиции влегува во новата сезона и дефинитивно ќе атакува на висок пласман, односно на првото место во Трета лига – Исток.

Клубот, кој изминатите години се наметна како одлично организиран и стабилен, ова лето значително го засили тимот со играчи кои носат големо искуство и квалитет. Од ланскиот второлигаш Вардарски пристигнаа Мирче Попов, Славе Танов и Илија Баламов, од редовите на Дојранско Езеро се приклучија Слободан Митков и Димитар Јанев, а од Тиверија дојде Филип Лазаров. Екипата дополнително ја засили и Сашко Ризов како слободен играч, додека младите таленти Здравко Павлов и Борче Атанасов добиваат шанса да се докажат во сениорската сцена.

Од клубот за Спортска Мрежа потврдуваат дека амбициите им се борба за првото место и влез во Втората македонска фудбалска лига.

Ударник ја стартува сезоната утре, кога на свој терен во Пирава ќе го пречека тимот на Брегалница од Делчево во рамки на првото коло. Сепак, најголемата фудбалска возбуда доаѓа веќе во 2. коло, кога во Валандово ќе се одигра вистинско мега-дерби на Југот меѓу Победа и Ударник. Натпреварот ќе биде повеќе од фудбалски празник, а се очекува да присуствуваат над 2.000 гледачи.

Новата сезона во Трета лига – Исток официјално започнува утре со натпреварите од првото коло, а оваа година ќе настапат 11 екипи, што гарантира интересна и возбудлива борба за врвот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска...

Трета лигаФудбал

Еден натпревар од Втора лига ќе се одигра утре

Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!