РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У21 поразена во Краков, следува дуел со Италија во Битола

Сподели
ФОТО:ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година со пораз го отвори новиот квалификациски циклус за Европското првенство 2027 што ќе се одржи во Албанија и Србија. На гостувањето во Краков, нашите млади фудбалери загубија од силната селекција на Полска со 3:0.

Натпреварот започна ветувачки за Македонија. Избраниците на селекторот одиграа цврсто во дефанзивата и не му дозволија на домаќинот да создаде сериозни шанси во воведните минути. Но, во 22. минута по несреќна интервенција на Зенделовски, топката заврши во сопствената мрежа и Полска поведе со 1:0. До крајот на полувремето Македонија покажа дека може да биде опасна, а најдобрата прилика ја имаше Зенделовски, чиј удар во 42. минута за малку не заврши во голот.

Во второто полувреме Полјаците ја презедоа иницијативата и постојано напаѓаа. Голманот Џеков успеа да одбрани два извонредни удари на Пиенко и Козубал, но во 65. минута Марсел Регула со прецизен удар ја зголеми предноста на 2:0. Само три минути подоцна, капитенот Томаш Пиенко со прекрасен шут ја затресе мрежата за конечни 3:0.

Со оваа победа Полска го потврди фаворитското реноме во групата, додека Македонија ќе мора да бара резултат во наредниот меч. Во второто коло, нашите млади фудбалери во вторник ќе ја пречекаат репрезентацијата на Италија во Битола со почеток од 18:15 часот.

Ова беа играчите кои настапија за репрезентацијата на Македонија и Полска:

Полска: 22. Славомир Абрамович – 7. Виктор Новак, 4. Милош Матицик, 2. Игор Драпински (70’ 5. Кацпер Потулски), 3. Михаел Гургул – 11. Филип Ружга (63’ 17. Оскар Пјетушевски), 8. Матеуш Ковалчик, 16. Антони Козубал (76’ 15. Филип Кочаба), 6. Давид Драхал (70’ 18. Кацпер Дуда), 10. Томаш Пиенко – 9. Виктор Богач (63’ 21. Марсел Регула).

Македонија: 12. Љупче Џеков – 16. Давид Даилоски, 5. Анес Мелиќи, 3. Ѓорѓе Џеков, 19. Меметриза Хамза – 21. Димитар Данев, 6. Матеј Ангелов, 8. Адриан Зенделовски (72’ 15. Теодор Николовски), 7. Матеј Гаштаров, 17. Кире Стојанов (39’ 9. Михаил Талески) – 11. Димитар Трајков (90’ 13. Мухамед Елмас).

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската ракометна репрезентација ги започна подготовките за ЕП 2026, Македонија ќе игра турнир во Турција

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија го одржа собирот во Скопје, со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!